ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во месец март - април 2023 година, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, организираат едукативни предвања и работилници кои имаат за цел да развијат одредени вештини кај децата од градинките и учениците од основните училишта, а преку нив и да се откријат и развијат талентите.
Оваа година акцентот ќе биде ставен на предавање и работилници кои се поврзани со македонското народно творештво.

За таа цел, ЈУ “Детски културен центар Карпош“ има потреба од ангажирање на едукатори за реализација на предавање и работилници со соодветно искуство од оваа област, кои кај децата ќе постигнат повисоко ниво на заинтересираност и истрајност во реализирање на активностите од областа на македонското народно творештво.

Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори и етнокореолози, кои:

  • Имаат познавање од областа која ќе ја реализираат;
  • Имаат учество во проекти од областа на културата;
  • Да имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и ученици од градинки и основни училишта;
  • Да дадат конкретен креативен предлог концепт за работилница која би ја реализирале од областа на македонското народно творештво

Избраните едукатори и етнокореолози ќе бидат ангажирани со авторски договори.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа ( архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија(CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори и етнокореолози во проектот „Развиваме и градиме млади таленти“.

Јавниот повик е даден на 06.02.2023 и трае до 13.02. 2023 година и трае 8 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон 02 / 3228 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 

 RAZVIVAME GRADIME TALENTI

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација