ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

„Инструментите на моите предци“ е натпревар на изворни и класични инструменти кој се реализира со поддршка на Град Скопје.

Натпреварот на изворни и класични инструменти се одржа на 18 април 2026 година во големата сала на ЈУ Детски културен центар – Карпош со почеток од 9:30 часот.
Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки и жичани инструменти како хармоника, кавал, гајда, зурла, дудук и тамбура. Тие се често придружени со ритмички инструменти како тапан, дајре и тарабука, создавајќи автентичен звук кој се пренесува со генерации.
Стручна жири комисија составена од еминентни музички педагози и уметници ги оценуваше настапите според уметничкиот израз, техничката подготвеност и автентичноста на изведбата.

InstrumentiteNaMoitePredci2026  За најуспешниот натпреварувач беше предвидена престижната Гранд при награда, како највисоко признание на манифестацијата. Победници на ова издание од натпреварите ,,Инструментите на моите предци" се Оркестарот ,,Наши ноти" и пеачката група ,,Седенка" под менторство на Роберт Ангеловски и Андреј Трајковски.
Во склоп на натпреварот се одржа и Етно креативна работилница на која младите креативци создадоа свои ремек дела тамбура и тапан од срма и коноп.
Настанот има за цел да го поттикне и афирмира музичкото творештво кај младите, како и да ја негува традицијата и културното наследство преку изведба на изворни и класични музички дела. Натпреварите се одвиваа во неколку категории, со учество на талентирани млади музичари од различни возрасти.

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ - „ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ“, историја

INSTRUMENTITE B W 400x300

„ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ“ е фестивал и натпревар кој им овозможува на децата и младите да ја негуваат изворната песна

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Инструментите на моите предци

Концептот на фестивалот се состои од ревијална вечер, каде со свои изведби се претставува жири комисијата и познати македонски виртуози, кои преку звукот на народните инструменти ќе и овозможат на публиката да отпатува во различни предели и региони на нашата држава, со цел да се потсети на подзаборавените песни и ора.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација