ЗА НАС

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

DKC OBJEKTДетски културен центар - „Карпош“ е реномирана градска институција, со традиција повеќе од седум децении.

Детскиот културен центар - „Карпош“ спроведува креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите. За време на своето постоење, Детскиот културен центар - „Карпош“ зачува сè што е добро и го надополнува со современи методи на работа, следејќи ги потребите и желбите на корисниците.

Насочена кон истражување и откривање на потенцијалот и талентите на децата и младите во сите области на културата, Детскиот културен центар - „Карпош“ се стреми да комуницира директно со децата и младите преку своите активности и секции, насочувајќи ги кон стекнување потреба од уметничко искуство, знаење и забава.

Детски културен центар - „Карпош“ користи едукација, вмрежување, децентрализација на активности како клучни инструменти, создава знаење и производи на уметничка активност, пренесува знаење од други средини во средината во која работи и е отворен за нови решенија и нови културни и уметнички области. Детски културен центар - „Карпош“ е референтна институција во областа на меѓународната културна соработка во областа на детската уметност и култура и е организатор и реализатор на повеќе детски манифестации за деца во земјата.

Детски културен центар - Карпош ги насочува своите активности пред се кон основната целна група, децата и младите, како директни потенцијални корисници, потоа кон нивните родители и другите учесници во развојот на културните потреби, стручни соработници од областа на културата и образованието за деца, ученици на културни и хуманистички науки, новинари и научници.

 

МИСИЈА

Позиционирање во општеството на културни и воспитно - образовни активности за деца и млади, преку иновации и следење на современи трендови во културата и личниот развој кај децата и младите.

 

ВИЗИЈА

Зајакнување на позицијата на врвот на пирамидалната структура во системот на институции кои се занимаваат со култура за деца и млади, што систематски ќе даде конкретен придонес кон развојот на креативноста и ќе постави стандарди во развојот на креативна, иновативна и холистичка личност кај деца и млади.

DKC 400x300

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација