Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, го организираат меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2026.
За таа цел се бара лице со соодветно стручно искуство од оваа област за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.
• Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача:
Да пронајде и предложи значајни гитаристи - педагози од Европа и Р.С. Македонија за концерти, работилници и мастер часови;
Да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активностите;
Да го утврди годишниот термин и времетраење на одржување на Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2026,
Да подготви програмски активности и нивна реализација,
Да даде придонес за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на Меѓународен фестивал и натпреавар за класична гитара „Тремоло“ - 2026.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на сценско - музички настани, мотивациско писмо како и предлог програма и активности за „Тремоло“ 2026 и предлози на значајни гитаристи, педагози и стручни соработници.
Јавниот повик е објавен на 02.02.2026 година и трае до 11.02.2026 година, 10 дена од денот на објавувањето.
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Податоците за манифестацијата од изминатите години може да ги најдете на ВЕБ страната на ДКЦ - „Карпош“ и ВЕБ страната на „Тремоло“.
