Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, го организираат и ќе го реализираат „Фестивал на детски мјузикли“.
За таа цел ЈУ.Детски културен центар – Карпош бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на музичко – сценски фестивал на детски мјузикли за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.
• Уметнички директор 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи други стручни соработници од областа на културата.
Уметничкиот директор има задача и да го организира и реализира целокупниот фестивал, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на фестивалот.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија ( CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик)
за учество во реализација на музичко сценски фестивал..
Јавниот повик е даден на 02.02.2026 и трае до 11.02.2026 година и трае 10 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02/3228 - 111
