ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА МЛАДИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во рамките на редовните месечни активности насочени кон развој и унапредување на шаховските вештини кај децата се одржа тренинг-турнир „Шаховски свет – Мали генијалци“. Турнирот се реализираше на 27.03 од 18:00 часот и 29.03.2026 година од 10:00 часот во ШАХОВСКИОТ КЛУБ - Алкалоид, во организација на ЈУ. Детески културен центар „Карпош“.


Учесниците беа поделени во три категории: до 8 години, до 10 години и до 14 години. Ваквата поделба овозможува натпреварувањето да биде соодветно на возраста и нивото на развој на децата, а воедно создава позитивна и мотивирачка атмосфера. Натпреварувањето се одвиваше според утврден распоред и правила, во духот на фер-плеј и меѓусебна почит, а организаторите се погрижија за правилна реализација на турнирот и следење на резултатите со цел секое дете да има можност да го покаже својот потенцијал и да стекне ново искуство. По завршување на турнирот следеше прогласување на најуспешните учесници во сите категории, при што за најдобрите шахисти добија медали, пехари и награди, како признание за нивниот труд, посветеност и постигнат успех.

2026 Sah

Целта на турнирот е да им се овозможи на децата да стекнат практично искуство преку натпреварувачки партии, да ја проверат својата форма и напредок, како и да развијат спортски дух, дисциплина, концентрација и правилно однесување во натпреварувачки услови. Овие тренинг-турнири се од особено значење бидејќи претставуваат подготовка за учество на идни официјални натпреварувања и шаховски манифестации.

ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА МЛАДИ, историја

LOGO PRVENSTVO SAH 400x300ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА МЛАДИ е манифестација која има цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата.

За ова првенство, пропозициите се поставуваат и подготвуваат според пропозициите на светските турнири.

Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација