Во рамките на редовните месечни активности насочени кон развој и унапредување на шаховските вештини кај децата се одржа тренинг-турнир „Шаховски свет – Мали генијалци“. Турнирот се реализираше на 27.03 од 18:00 часот и 29.03.2026 година од 10:00 часот во ШАХОВСКИОТ КЛУБ - Алкалоид, во организација на ЈУ. Детески културен центар „Карпош“.
Учесниците беа поделени во три категории: до 8 години, до 10 години и до 14 години. Ваквата поделба овозможува натпреварувањето да биде соодветно на возраста и нивото на развој на децата, а воедно создава позитивна и мотивирачка атмосфера. Натпреварувањето се одвиваше според утврден распоред и правила, во духот на фер-плеј и меѓусебна почит, а организаторите се погрижија за правилна реализација на турнирот и следење на резултатите со цел секое дете да има можност да го покаже својот потенцијал и да стекне ново искуство. По завршување на турнирот следеше прогласување на најуспешните учесници во сите категории, при што за најдобрите шахисти добија медали, пехари и награди, како признание за нивниот труд, посветеност и постигнат успех.

Целта на турнирот е да им се овозможи на децата да стекнат практично искуство преку натпреварувачки партии, да ја проверат својата форма и напредок, како и да развијат спортски дух, дисциплина, концентрација и правилно однесување во натпреварувачки услови. Овие тренинг-турнири се од особено значење бидејќи претставуваат подготовка за учество на идни официјални натпреварувања и шаховски манифестации.
ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА МЛАДИ е манифестација која има цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата.
