Во рамки на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Детскиот културен центар – „Карпош“ за прв пат ќе ја одржи онлајн манифестацијата „Го градам мојот град“ 2020. .
Ќе може да се проследи како децата од градинките го гледаат својот град од свој агол, преку изработка на „оригинални“ објекти создадени од различни материјали.

Манифестацијата „ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“ е креативно едукативна манифестација за предучилишните установи, се организира по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на град Скопје.
