ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ МЈУЗИКЛИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ по трет пат под покровителство на Град Скопје го организираше и реализираше „Фестивалот на детски мјузикли“ кој се одржа од 30 мај до 1 јуни 2026 година во кино Фросина - Младински културен центар –Скопје.

Мјузиклот е музичко - сценско дело во кое актерите пеат и танцуваат. Овој фестивал нуди живи изведби од светски познати детски приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот. Овој фестивал е наменет за деца и млади кои поседуваат исклучителен талент за пеење, глума и танцување. Низ серија аудиции се избираат талентирни деца и млади за учество во детски мјузикл на македонски јазик.

2026 DETSKI MJUZIKLI

Фестивалот започна на 30 мај во 19:00 часот со мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ кој беше изведен премиерно и препеан на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје. За публиката која немаше можност да го гледа мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ на 30 мај, истиот можеа да го погледнат на 31 мај исто така од 19:00 часот. На 1 јуни од 12:00 часот беше изведен мјузиклот „Петар Пан” - на англиски јазик, изведен од учениците од Интернационалното QSI од Скопје.
Веруваме дека овој фестивал ќе расте од година во година и ќе прерасне во меѓународен настан,“ изјавува директорката на ДКЦ Карпош д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, истакнувајќи ја културната и едукативната вредност на музичкиот театар за младата публика.
Како уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова која е прва во државата кој го промовира мјузиклот како сплет на уметности и со голема љубов, страст и ентузијазам им го пренесува на младите генерации.
Целта на овој фестивал е да се афирмира мјузиклот како музичка форма која опфаќа пеење, глума и танц во едно, да се негуваа вокалната техника кај децата и да се едуцира младата популација за вреднување на сопствените културни вредности од обласата на детските мјузикли и секако за крај, можност за избор на идна професија.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ МЈУЗИКЛИ, историја

DETSKI MJUZIKLI 400x300ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ МЈУЗИКЛИ .

 

 

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација