АПРИЛИЈАДА
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Градот беше исполнет со детска радост - повторно „Априлијада“
ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ под покровителство на Град Скопје на 1 Април 2026 година, од 10:30 до 14:30 часот во Градски трговски центар А.Д. Скопје повторно ја организираше традиционалната детска манифестација „Априлијада“ 2026.


Во рамки на програмата имаше ревија на маскирани деца од градинките и основните училишта, ученици од основни училишта со танцови точки кои ја збогатија атмосферата со динамични и ритмички кореографии. Програмата продолжи со настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош пропратена од солисти - деца изведувачи на песните од ЗОО Азбука, балетското студио Бреак А Лег и Марбал и златните славејчиња, како и Театар за тебе кој имаше своја изведба.
Посебна атракција за посетителите беа настапите на кловновите со диско забава и театар со кукли, маскотите од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор создадоа вистинска карневалска атмосфера и ја раздвижија публиката. Публиката исто така имаше можност да ужива во уникатната изведба на сегменти од познатиот детски мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото за деца и младинци Бродвеј јуниор.
Манифестацијата свечено ја отворија директорката на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ д-р Билјана Лалчевска Серафимовска и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, кои со пригодни обраќања ја отворија оваа детска манифестација под маски.

Aprilijada 2026 naslovna

Настанот беше наменет за деца, родители и пошироката јавност, а има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеност преку музика, танц, театар и хумор.
На манифестацијата беа доделени дипломи и награди на ликовни творби и маски кои пристигнаа во ДКЦ „Карпош“ на конкурсот кој Центарот го објави до основните училишта. Исто така беа доделени дипломи за учесниците и гостите од основните училишта и градинки кои продефилираа на бината во прекрасни маски.
Изразуваме голема благодарност за поддршката од Град Скопје, ГТЦ-Скопје, основните училишта, градинките и на сите посетители кои направија оваа манифестација да биде весела, да се шири радост и насмевка на оваа детска манифестација.
Едноставно, Априлијада беше забава за сите генерации.

АПРИЛИЈАДА - „СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“

APRILIJADA 400x300„АПРИЛИЈАДА“ е манифестација од ликовен и сценско забавен карактер што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје ја организира и спроведува секоја година на 1 април по повод денот на шегата, смеата и лагата, под мотото „Скопје се смее“.

Оваа манифестација прв пат е одржана во 2008 година.

Во рамките на манифестацијата се приредува изложба на детски шеговити цртежи, маски и карикатури.

Манифестацијата се одржува на плоштад Македонија и има два дела, детски дневен и вечерен за граѓаните на Скопје.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација