Ритамот на чаршијата“ (звукот на чаршијата) – манифестација поддржана од Град Скопје која оваа година се одража по трет пат од 19 до 20 јуни 2026 година во Старата скопска чаршија каде повторно со музика се почувствува ритамот преку концерти од различни жанрови.
Старата скопска чаршија која плени со мали дуќани, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами кои се само дел од обликуваноста на просторот и времето од убавината на Старата чаршија во Скопје и затоа таа е една која што е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег.

Оваа година преку ритамот на музиката се популаризираа Плоштад „Филип втори“ (Карпошово востание) и Музеј на македонската борба. Публиката на 19.06 од 19.00 часот на Плоштад „Филип втори“ (Карпошово востание) го почуствува ритамот на чаршијата со концерт на македонска изворна музика со Ансамблот Стефче Стојковски. Специјални гости на манифестацијата беа АНИП „Орце Николов“ со свои изведби. На 20.06 од 19:00 часот концерт одржа Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Р. Србија.
Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот.