ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба за хонорарно ангажирање 1 лице за реализација на предавања за атрактивни туристички локации во Скопје и тоа за време од три месеци. Одржувањето на предавањата ќе се реализираат на три различни локации во градот.
За таа цел ЈУ. Детски културен центар – Карпош објавува:
ОГЛАС за хонорарно ангажирање 1 лице за реализација на предавања за атрактивни туристички локации во Скопје
Заиниресераните кандидати треба да :
o Да имаат искуство за работа со деца и млади
o Да ги заинтересираат децата и младите со превањата за избраната локација
o Да предложи атрактивни локации за реализација на предавањата
Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат потребните документи, наративна биографија или ЦВ и мотивационо писмо/пријава, како и предлог концепт за реализација на предавањата со наведени точни атрактивни локации во Скопје во архивата на ЈУ. Детски културен центар - „Карпош“.
Предавањата ќе се одржуваат 1 месечно во времетраење од три месеци. Со избраното лице се потпишува авторски договор, а по реализација на секој месец, избраното лице треба да достави наративен извештај за реализирани предавања до архивата на институцијата.
Огласот е објавен на 25.11.2026 година и трае до 30.11.2026 година, 6 дена од денот на објавувањето.
Со реализација на предавањата се започнува од месец декември 2026 година и трае до февруари 2027 година.
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111