ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално и оваа година на 13 ноември 2026 година од 10:00 часот во просториите на Центарот го прослави празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје со манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници беа децата од предучилишните установи од Скопје.

GO GRADAM MOJOT GRAD 2026
Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки, по свој избор, од различни природни и други материјали, направија објект - макета на разни значајни обележја на Скопје. Токму затоа постои манифестацијата „Го градам мојот град“ која ги поттикнува најмладите да го сакаат и чуваат својот град. 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ