ОГЛАСИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Летно училиште за изучување на рок музика

ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба за хонорарно ангажирање 1 лице за реализација на летно училиште за изучување на рок музика и тоа за време од два месеци. Одржувањето на работилниците во летното училиште за изучување на рок музика ќе се реализираат на различни локации во градот на отворен простор.

 

За таа цел ЈУ. Детски културен центар – Карпош објавува:

ОГЛАС

за хонорарно ангажирање 1 лице
за реализација на летно училиште за изучување на рок музика

 

Заиниресераните кандидати треба да :

    • Бидат препознатливи и докажани во сферата на рок музиката
    • Да имаат искуство за работа со деца и млади 
    • Да ги заинтересираат децата и младите за учество во летното училиште преку промоција на истото
    • Да обезбедат учесници во летното училиште
    • Да предложи локации за реализација

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат потребните документи, наративна биографија и мотивационо писмо/пријава, како и предлог концепт за реализација на летното училиште за изучување на рок музика во архивата на ЈУ. Детски културен центар - „Карпош“.

Работилниците ќе се одржуваат 3 пати неделно во времетраење од два месеци со заинтересирани деца и млади кои ќе бидат учесници во летното училиште.
Со избраното лице се потпишува авторски договор, а по реализација на секој месец, избраното лице треба да достави наративен извештај за реализирани работилници до архивата на институцијата.

Огласот е објавен на 21.06.2023 година и трае до 30.06.2023 година, 10 дена од денот на објавувањето.
Со реализација на летното училиште се започнува од 10.07.2023 година и трае до 10.09.2023 година.
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)