ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во Детскиот културен центар-„Карпош“ на 08.03.2024 година во 10:00 часот
беше отворена изложба на цртежи и честитки со тема - Цртам за мојата мајка, изработени од деца од детските градинки од Скопје.

Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

На наша покана до сите градинки, пристигнаа ликовни творби кои ги изработија децата, од кои може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жена и која е нејзината улога во нивниот живот.

За децата од градинките беше организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ Карпош беше Марија Дојчиновска вработена како зоонеговател во Зоолошката градина во Скопје, која им раскажа за нејзината работа со животните кои се жители на ЗОО односно им раскажа дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.

 

24 Igram i Peam

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА, музичко - креативен настан

ZA MOJATA MAJKA 40x300 ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА е музичко - креативен настан, што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје традиционално го организира и реализира по повод на меѓународниот ден на жената - 8 март.

Преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење секоја година се одбележува овој празник.

Секоја година се организира традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

ПОВЕЌЕ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)