МАНИФЕСТАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Детскиот културен центар „Карпош“ повеќе од 30 години ја организира и реализира Ученичката квизотека за учениците од основните училишта од Скопје и околината. Ученичката квизотека својот циклус го започнува кон крајот на месец октомври, а завршува со супер финален натпревар кон крајот на април или почетокот на мај.

Долгогодишен соработник во оваа рубрика беше Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи на РМ, и прашањата за децата беа од областа на сообраќајот. Во годините назад имаше прашања по разни поводи, годишнини, по избор на учениците.

 

UCENICKA KVIZOTEKA

 

На еден натпревар присуствуваат вообичаено 4 училишта, понекогаш и пет. Екипите се составени од 3 натпреварувачи и се подразбира наставник кој ќе ја води екипата.

Квизотеката се состои од 4 рубрики. Првата рубрика се вика Да или Не. Во воведниот дел на квизотеката кога ги претставуваме натпреварувачите напоменуваме дека првата рубрика содржи општи прашања, духовити, неформални, а со тоа сакаме да ги опуштиме, бидејќи Ученичката квизотека е замислена како форма во која учениците и наставниците од разни делови на Скопје ќе се запознаваат, дружат...

Втората рубрика во првиот круг натпревари е Пикадо, а во вториот круг па се до крајот се ритмички настапи на децата од училиштата учесници на Квизотеката кои на крајот завршуваат со Ритмички натпревар на најуспешните. Овие ритмички групи, скопјани имаат можност да ги видат на Априлијадата на 1 Април на плоштад Македонија, а во организација на ДКЦ „Карпош“ и град Скопје.

Третата – специјална рубрика опфаќа прашања од областа на културата, спортот, географија и историја.

Четвртата и воедно последна рубрика е рубриката со влог. И тука прашањата се воглавно поврзани со тоа што децата го учат во училиштата и од општ карактер, филм, музика спорт, актуелности итн.

Како натпреварувачите би имале време да се опуштат имаме подготвени прашања за публиката. Обично прашањата се поговорки и гатанки од опусот на Марко Цепенков, но не се исклучени и прашања од актуелни збиднувања, интересни за децата.

Фактот дека Квизотеката опстојува повеќе од 30 години, дека присуствуваат повеќе од 60 до 70% од поканетите, дека има наставници и училишта кои се со нас 10, 15 па и повеќе години и сето тоа за симболични награди и дипломи, зборува дека таа достојно и во склад со сите едукативни, хумани, забавни итн.содржини го оправдала и заслужила местото кое и припаѓа.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)