ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ“

Печати PDF
Director_Gorgeska_RuzaЖивотниот сон  за децата е како бајка, но кога тие ќе се реализираат во реалност со детска песна, музика, слика, творба, оро и сè што ја претставува неговата лична креација, тогаш детскиот сон се преточува во жуборлива смеа и радост што ни ги полни душите и ни ги гали срцата.
“Детскиот културен центар Карпош” е храм  каде децата може да ги оставаруваат своите соништа. Ние им ја подаваме раката и полека ги искачуваме по скалилата на нивните мечти.
“Детскиот културен центар Карпош” како културно образовна институција со долгогодишна традиција ќе го организира, осмислува слободното време на децата во воспитно образовна и творечка работа, како во духот на македонската традиција така и во следење на новите светски достигнувања во установите од овој тип. Секојпат ќе се раководиме од начелата на Конвенцијата за правата на детето.
Една држава колку вложува во децата толку ќе стане побогата во иднината.
Детскиот културен центар нуди можности за развивање на таленти, дружење, солидарност, ширење на пријателство и слободно мислење, каде децата со нивниот познат начин знаат да ги рушат границите и мислат безгранично и ќе ги остваруваат детските соништа преку следниве секции и активности.
ДИРЕКТОР
ЃОРЃЕСКА РУЖА